Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мизрахи за Ковачевски: Зборува за европски вредности, а се насмевна кога го именуваа како премиер на западна Бугарија

Мизрахи за Ковачевски: Зборува за европски вредности, а се насмевна кога го именуваа како премиер на западна Бугарија
300x250 opst2

Премиерот Димитар Ковачевски во речиси 400 дена од кога е премиер во Владата замижува на криминалот и корупцијата, а во исто време зборува за европски вредности, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

„Ковачевски е премиер кој беше именуван како премиер на западна Бугарија и се насмевна. Тој се’ уште дискутира дали Љубомир Јовески да биде член на Уставниот суд, замижува на криминалот и корупција, а во меѓувреме зборува за европски вредности, додека едните стануваат анти-европски како партијата „Алтернатива“, а партијата „Алијанса на Албанците“ одеднаш станува многу проевропска. Се заглавивме во систем во кој нема да има уставни измени, значи ништо од европската иднина, може само да се очекува дека мнозинството ќе се свести и да се оди на предвремени парламентарни избори“, рече таа.

Посочи дека откако Ковачевски беше назначен на функција, сведоци сме на неколу катастрофи кои немале разрешница, како трагедијата со „Беса транс“ и пожарот во модуларната болница во Тетово.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите