Утрински Весник
Свет

Русија би можела да мобилизира уште милион војници – шефот на германското разузнавање вели дека Путин е во предност

Русија би можела да мобилизира уште милион војници – шефот на германското разузнавање вели дека Путин е во предност

Русија би можела да мобилизира уште еден милион војници во Украина, тврди германската Федерална разузнавачка служба (БНД).

dobivaj vesti na viber

„Минатата есен беа мобилизирани и регрутирани околу 300.000 луѓе, некои се’ уште се на обука, некои веќе се во борба“, изјави шефот на БНД, Бруно Кал, пренесува весникот „Штерн“.

„Русија може да мобилизира уште еден милион мажи, доколку Кремљ смета дека е потребно.

Една година по почетокот на конфликтот, Кал вели дека не ја гледа подготвеноста на Владимир Путин да преговара или да постигне мир.

„Во моментов работиме на стекнување предност на бојното поле, бидејќи тоа му овозможува на Путин можеби во одреден момент да ги наметне своите услови за мир“, додава тој.

Во многу аспекти, текот на конфликтот беше сосема поинаков од она што го претпоставуваа Москва, Украина и Западот, рече шефот на БНД.

Тој тврди дека Украинците во моментов се многу ефикасни против Русите, но дека долгорочно ќе биде тешко, бидејќи зависат од поддршката на Западот.

Тој истакнува дека Русија успеала да ги запре успесите на Киев.

Што се однесува до шпекулациите за можна руска офанзива на пролет, Кал вели дека тоа всушност би било „интензивирање на она што веќе го гледаме“.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници