Утрински Весник
Спорт

Селес доби договор до крајот на сезоната

Селес доби договор до крајот на сезоната

Фудбалскиот клуб Саутемптон објави дека Рубен Селес ќе биде тренер на првиот тим до крајот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

39. годишниот шпански стручњак ги импресионирал клупските челници, тврдат англиските медиуми. Селес дебитираше минатата недела на „Стенфорд Бриџ“ и успеа да слави со 1:0 над фаворизираниот Челси.

Шпанецот во клубот пристигна минатата година како еден од помошниците на Ралф Хасенхитл, но по отказот на Австриецот, клубот се реши да му даде шанса на тогашниот менаџр на Норич, Нил Џонс.

Меѓутоа Џонс не успеа да направи ништо и по само три месеци доби отказ.

По мечот со Челси, Селес на состанокот со клупските челници им ги презентирал своите идеи. П тој состанок во клубот решиле менаџерот да добие договор до крајот на сезоната.

„Светците“ по 23 рунди се последни на табелата со 18 поени, три помалку од зоната која гарантира опастанок во Премиер лигата.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари