Утрински Весник
Спорт

Пикфорд го продолжи договорот со Евертон

Пикфорд го продолжи договорот со Евертон

Голманот на фудбалската репрезентација на Англија, Џордан Пикфорд го продолжи договорот со Евертон.

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на натпреварот со Астон Вила, оваа информација ја потврди меначерот на Евертон, Шон Дајч.

„Тој е многу добар играч. Ова е знак дека го прифаќа новиот режим и дека го прифаќа она кон што се стремиме и што имаме да понудиме“, изјави Дајч.

Пикфорд во 2017 година од Сандерленд се пресели во Евертон. Во кариерата има одиграно 222 натпревари за клубот од „Гудисон парк“. Истата година дебитираше за Англија.

Засега Евертон е на еден бод од зоната за испаѓање и го чека жестока борба за опстанок во Премиер лигата.

Натпреварот со Астон Вила е закажан за в сабота од 16 часот.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам