Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентакур, поради повреда ја заврши актуелната сезона, а како што објавија медиумите тој ќе ги пропушти и првите месеци од сезоната 2023/2024.
На 11. февруари, Уругваецот се повреди на мечот со Лестер, кој лондонскиот тим го загуби со 4:1. Бентакур ги скина вкрстените лигаменти на коленото, поради што мораше да биде опериран.
„Скај Спорт“, објави дека не се очекува Бетанкур да се врати на терените пред ноември оваа година.
Инаку, Бетанкур беше еден од клучните играчи во тимот на Антонио Конте по неговото доаѓање од Јувентус.
На 44 натпревари постигна шест гола со исто толку асистенции.
Менаџерот Конте има големи проблеми во редот за врска, бидејќи покрај Бентакур повредени се уште двајца играчи Ив Бисума и Пјер-Емил Хојбјерг.