Утрински Весник
Свет

Повеќе од 80 отсто од Русите се задоволни од обраќањето на лидерот

Повеќе од 80 отсто од Русите се задоволни од обраќањето на лидерот

Анкета на Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) покажа дека 81 отсто од руските граѓани кои го следеле обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин во Федералното собрание позитивно реагирале на пораките на рускиот лидер.

dobivaj vesti na viber

За време на преносот во живо, ВЦИОМ спроведе студија во десет градови во Русија.

За 45 отсто од испитаниците, обраќањето било целосно позитивно, додека 36 отсто го оцениле како „прилично позитивно“.

Негативен или „прилично негативен“ впечаток оставиле само 11 отсто од испитаниците. Три проценти останаа рамнодушни кон она што го кажа шефот на државата.

Говорот на Владимир Путин остави главно позитивен впечаток кај испитаниците.

Мнозинството од учесниците во истражувањето (78 отсто) истакнале дека претседателот бил искрен за време на својот говор, додека девет отсто го мислат спротивното.

Шефот на државата јасно ја објасни својата позиција – според 88 отсто од испитаниците.

Околу половина од испитаниците (52 отсто) сметаат дека говорот на Путин бил интересен и допрел важни прашања,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра