Утрински Весник
Економија

Славески: Додека СДСМ и ДУИ во хор се фалат дека ги зголемиле платите, реалната плата и куповната моќ на граѓаните падна

Славески: Додека СДСМ и ДУИ во хор се фалат дека ги зголемиле платите, реалната плата и куповната моќ на граѓаните падна

Се вели дека некои луѓе може да ги лажете цело време, сите луѓе можете да ги лажете одредено време, но не можете сите луѓе да ги лажете цело време. На владата на ДУИ поддржана од СДСМ и успеа во изминатите година-две да излаже некои луѓе за одредено време дека ги зголемува платите, но вистината излезе на виделина, според податоците од Државен завод за статистика за исплатената просечна нето-плата во Македонија, истакна Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот за кој ДУИ и СДСМ во хор се фалат со зголемување на платите, граѓаните се соочуваат со она што и статистиката го констатира. Куповната моќ на платите, т.е. вредноста на реалната плата во земјава континуирано се намалува, од што најмногу страдаат семејствата со пониски доходи. Најголем пораст на цените бележат производи со највисоко учество во семејните буџети на овие семејства, како што се храната и трошоците поврзани со домувањето“, реагира Славески.

СДСМ и ДУИ, како што додава, својата економска логика треба да ја приспособат на логиката на просечен земјоделец.

Според Славески, на земјоделците не им е битно колку изнесува цената на еден трактор лубеници или зелка, туку колку вреќи ѓубриво или средства за заштита на растенијата можат да купат со тие пари. И колку пари им остануваат откако ќе ги подмират сите трошоци за да можат да ги прехранат своите семејства, подвлекува Славески.

Можете да прочитате

Синдикалната минимална кошничка во септември изнесува 65.077 денари

МФ: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед

Во август најзастапени потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските кредити