Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците: Реформи во правосудниот и обвинителскиот систем, реформирање на Академијата

Таравари: Да се запре именувањето на Виктор Димовски за амбасадор во Франција

Списокот што го објави Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш го докажува она што постојано го алармиравме како политички субјект и денеска се залагаме итно да го промениме преку системски решенија, велат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

Последните случувања, додаваат од таму, само ја потврдуваат потребата од реализација на нашите определби за реформи во правосудниот и обвинителскиот систем, законот за ветинг, реформирање на Академијата како императив, зголемување на транспарентноста, како и други промени кои ќе ја оддалечат политиката од правдата и правдата ќе ja врати во служба на законот и граѓаните.

Во наредниот период, како што потенцираат, тоа ќе биде меѓу приоритетите на Алијанса за Албанците, а ги повикуваат и другите општествени и политички фактори сериозно и цврсто да се заложат до целосно осамостојување на правосудниот систем во државата.

Можете да прочитате

Левица: Полицајците носат истрошени униформи поради коруптивните тендери на Тошковски

Претрес во Гостивар, уапсено едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

СДСМ: За ВМРО не важат законите, наместо казна – срамна одлука за бодигардот на Мицкоски