Утрински Весник
Спорт

Чави на прес го „понижи“ Бруно Фернандеш: „Тоа момчето од Португалија“

Чави на прес го „понижи“ Бруно Фернандеш: „Тоа момчето од Португалија“

Тренерот на Барселона, Чави Eрнандез, ги разгневи фановите на Манчестер Јунајтед откако покажа непочитување за Бруно Фернандеш на прес-конференцијата пред мечот. Тој го заборави името на португалскиот репрезентативец и беше многу очигледно дека не може да се сети, па го нарече „момчето од Португалија“.

dobivaj vesti na viber

„Тен Хаг го вади најдоброто од секој играч. Погледнете ги Рашфорд, Санчо или… тоа момчето од Португалија. Погледнете како игра Фред, јасно е дека сите поединци, а и тимот играат многу подобро под водство на овој тренер“, изјави Чави.

Пофалбите за игрите на Манчестер Јунајтед останаа во втор план, а секако замерките за Чави се дека не го знаеше името на Бруно Фернандеш, еден од најдобрите играчи на тимот од „Олд Трафорд“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина