Утрински Весник
Свет

Ученик во Франција уби професорка, на час по шпански јазик

Ученик во Франција уби професорка, на час по шпански јазик

Средношколец до смрт ја избодел професорка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен Жан де Луз, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Локалниот обвинител Џером Бурие го потврди нападот за новинската агенција АФП, а локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил за време на час денеска наутро.

Властите потврдија дека полицијата е на терен со локален обвинител.

Студентот е уапсен.

Професорката имала педесет години и починала од срцев удар кога брзата помош пристигнала на местото на настанот, јавуваат локалните медиуми.

Францускиот весник „Суд Кест“ пишува дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката по шпански предавала и ја нападнал.

Францускиот министер за образование во твит напиша дека неговите мисли се со „семејството, колегите и учениците“ на наставникот и веднаш се упати кон училиште.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа