Утрински Весник
Македонија

Сите основни училишта во Ѓорче се под закана за бомба, градоначалникот: Ова мора веднаш да се искорени

Сите основни училишта во Ѓорче се под закана за бомба, градоначалникот: Ова мора веднаш да се искорени

Дојави за бомби денеска има и во сите основни училишта во Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Во сите општински основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби.

Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. Сите во моментов се наоѓаат на безбедни локации.

Очекувам експресна реакција од надлежните служби за јавен ред и мир и безбедност и истовремено најостро го осудувам овој чин.

Апелирам што поскоро надлежните институции да преземат итни чекори.

Оваа појава мора веднаш да се искорени. И децата и родителите се вознемирени, а дојавите за бомби, за жал, ни станаа секојдневие.

Можете да прочитате

Денеска се празнуваат Светите Јоаким и Ана

Наутро свежо, преку ден топло

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“