Утрински Весник
Свет

Лавров: Односите меѓу Русија и Кина се развиваат динамично

Лавров: Односите меѓу Русија и Кина се развиваат динамично

Односите меѓу Русија и Кина се развиваат динамично, без оглед на турбуленциите, Москва и Пекинг се подготвени да застанат меѓусебна заштита, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со шефот на Канцеларијата за надворешни работи на Комунистичката партија на Кина.

dobivaj vesti na viber

– Нашите односи се развиваат безбедно и динамично, и покрај големите турбуленции на светската сцена, покажуваме солидарност и подготвеност да ги заштитиме меѓусебните интереси врз основа на почитување на меѓународното право и централната улога на ОН – рече рускиот министер.

Ванг Ји рече дека очекува да се постигнат нови договори за време на состанокот во Москва.

– Подготвен сум да разменам мислења со вас, драг мој пријателе, за прашања од заеднички интерес и со нетрпение очекувам да постигнеме нови договори – посочи тој.

Како што истакна висок кинески функционер, благодарение на напорите на Ши Џјинпинг и Владимир Путин, Кина и Русија го продолжуваат својот динамичен развој.

Двете земји продолжуваат да откриваат нови потенцијали за развој на соработката меѓу земјите во повеќе области,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот