Утрински Весник
Свет

Медведев: „Русија има право да се брани со сите средства, вклучително и со нуклеарно оружје“

Медведев: Нашите непријатели тврдат дека ни недостасува оружје, морам да ги разочарам

Ако САД сакаат да ја поразат Русија, тогаш Москва има право да се брани со сите средства, вклучително и со нуклеарно оружје, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

dobivaj vesti na viber

Тој ги наведе зборовите на претседателот Владимир Путин кој рече дека „невозможно е да се победи Русија на бојното поле“.

„Суспензијата (засега) на СТАРТ-3 е поврзана со ова. Нека види што постигнала американската елита која изгубила контакт со реалноста. Ја следиме и реакцијата на другите нуклеарни земји-членки на НАТО: Франција и Британија. Кога се подготвуваше договорот меѓу САД и СССР (Русија), нивниот нуклеарен потенцијал не беше вклучен во билансот на нуклеарни боеви глави и носачи, а тоа требаше да биде направено одамна“, напиша тој на каналот Телеграм.

Можете да прочитате

Повеќе од 40 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ

Поплави во Индонезија, над 400 загинати лица

Мадуро: САД ја сакаат нашата нафта