Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ зборуваше во емисијата „(Не)успех на шампионот“, со Марио Станиќ на ТВ Арена спорт.
Репрезентацијата на Србија доживеа неуспех на Мундијалот, на кој замина со големи амбиции. Во Катар Србија беше елиминирана во првата фаза.
Сето ова го анализираше поранешниот репрезентативец, а сега играч на Рома, Немања Матиќ.
„Ние (Србија) вршиме притисок, но немаме основа за тоа. Велиме дека сме најдобри… Зошто сме најдобри, од кого сме подобри? Бев малку критикуван кога во едно интервју кажав што мислам кога Србија ја споредуваат со Хрватска.
Пред СП во Русија кажав дека Хрватска и Србија не може да се споредуваат бидејќи во тој момент имавме тројца играчи на врвно ниво, а хрватската репрезентација имаше десет. Ракитиќ беше во Барселона, Лука во Реал, Ковачиќ во Реал, Перишиќ во Интер, Манџукиќ во Јувентус.
Имавме двајца играчи на врвно ниво, а сите други играа во некои помали клубови со просечен квалитет. Премногу ги притискаме играчите кои се уште не се подготвени за тоа. Не може некој што игра во Торино да се справи со притисокот како што тоа го прави Модриќ кој постојано игра на врвно ниво и кој постојано освојува трофеи. Србија мора да ги намали тензиите пред големите натпреварувања“, потенцира Матиќ.