Утрински Весник
Спорт

Бензема: Беше прекрасно да се игра овој меч, ја сакаме титулата повторно!

Бензема: Беше прекрасно да се игра овој меч, ја сакаме титулата повторно!

Карим Бензема не го криеше задоволството од перформансите на неговиот тим, откако Реал Мадрид се врати од 0:2 негатива за 5:2 победа над Ливерпул на гости, правејќи чекор кон четврт-финалето. Францускиот напаѓач вели дека клучот бил во подготвеноста на „крлевите“.

dobivaj vesti na viber

„Игравме со карактер, дадовме голови, ја сакаме оваа титула од Лигата на шампионите повторно. Тоа донесе меч во кој беше прекрасно да се игра и да се гледа. Почнавме лошо, и знаевме дека публиката на ‘Енфилд’ ќе не постави под притисок, но по тие 15 минути го видовте вистинскиот Реал Мадрид. Фудбалот на ова ниво е тежок. Ова беше голем меч и бевме подготвени. Кога губите со 2:0 во клучен меч сакате многу повеќе. Скаам да им се заблагодарам на нашите навивачи кои беа гласни тука и беа нашиот 12. играч и сакам да им порачам дека ќе ни требаат на ‘Бернабеу’“, вели Бензема.

Можете да прочитате

ФИФА се пишмани и ја повлече идејата за продажба на Светското првенство

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“