Утрински Весник
Македонија

Меџити од огнената фракција на ДУИ: Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал, со измама стана пратеник во 2016 година

Меџити од огнената фракција на ДУИ: Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал, со измама стана пратеник во 2016 година

Потпретседателот на ДУИ и пратеник во републичкото Собрание Изет Меџити им порача на жителите на Сарај дека овој собир е Гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ. Меџити со апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што допринесуваат во ДУИ.

dobivaj vesti na viber

-Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал. Со измама стана пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во владата во 2020 година без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството. Меџити рече дека Артан Груби освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмет опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други. На ДУИ, рече Меџити, и требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Артан Груби и неспособните министри.

Организацискиот секретар на ДУИ и градоначалник на Сарај, Блерим Беџети рече дека извршната власт не мрда со процесот на децентрализација, тоа го отежнува развојот на албанските општини, а проектите се реализираат заедно со многу стопанственици од општината.

-Граѓанинот на Сарај не е застапен на ниту едно ниво, структурата на Сарај не е застапена ниту во министерства ниту во владата. Се што прави Артан Груби е личен протагонизам и побара од него да си поднесе оставка пред граѓаните и пред раководството на ДУИ, рече Беџети.

Беџети рече дека ќе ја продолжат оваа битка додека не ја обединат ДУИ.

Можете да прочитате

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!