Утрински Весник
Свет

Ердоган: Ќе ги повикам на одговорност виновниците за смртта на повеќе од 40.000 луѓе

Ердоган: Претседателски и парламентарни избори во Турција на 14 мај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе бара одговорност од виновниците за повеќе од 40.000 жртви во разорните земјотреси што го погодија југот на Турција.

dobivaj vesti na viber

„Наша должност е да ги изведеме криминалците пред лицето на правдата, пред законот“, рече Ердоган за време на посетата на јужната провинција Османија, пренесе „Ројтерс“.

Во разорните земјотреси на 6 февруари во Турција и Сирија загинаа повеќе од 47.000 луѓе, а издадени се повеќе од 100 налози за апсење во врска со изградбата на зградите што се урнаа во земјотресот поради, како што се верува, недостиг на безбедносни стандарди.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека досега се идентификувани 131 лице во синџирот на одговорност за несовесно градење.

Можете да прочитате

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа