Утрински Весник
Македонија

„Како канцери со метастази сте се закачиле на државниот организам“, остри реакции за децата и снаите кои стануваат судии и обвинители

„Како канцери со метастази сте се закачиле на државниот организам“, остри реакции за децата и снаите кои стануваат судии и обвинители

Остри реакции, негодувања, но и иронија донесоа снаите, синовите ќерките и сопругите на политичари и обвинители кои положија завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители и се на чекор да гонат или судат криминал. Адвокатот Јанаки Митровски не е изненаден што 18 отсто од положените кандидати се „деца“ на звучни имиња. Драган Пешевски, исто така адвокат, остро реагира и вели: „Срам да ви е!“. Воислав Димоски, адвокат и ексобвинител смета дека решение за ваквата појава е ветинг.

dobivaj vesti na viber

Митровски смета дека има проблем во изборот на вакви кадри за судии и обвинители.

„Воопшто не сум изненаден од информациите кои излегоа во јавност дека една петтина од конечната ранг листа се деца на политичари суди обвинители. Напротив сум „изненаден“ нискиот процент и очекував да биде дупло поголем. Како адвокат кој имал родител етаблиран адвокат можам да направам компарација. Конкретно, јас дипломирав во петок и почнав во понеделник. Сум ги поминал сите чекори од носење бурек до пишување жаби. Сметам дека не им прават добро на своите деца бидејќи од старт им го подриваат авторитет“, посочи Митровски за „Макфакс“.

Пешевски посочува дека со вакви избори, ќе нема кој да го гони високиот криминал и корупцијата.

Само децата на политички подобните и моќните ќе не гонат и судат. Кој ќе го гони својот татко, брат, сестра, роднина за висок криминал и корупција? Никој, точно! Ќе го ‘јадат’ обични смртници за релативно ситен криминал, за да можат овие горенаведените да покажат дека работат нешто. Ама и тие обични ќе фатат џаде од тука и после што? Како канцери со метастази сте се закачиле на државниот организам и го ништите без усул ама знаете што…, кога ќе умре организмот и канцерот умира со него, така да последицата е таа. Срам да ви е!“ пишува адвокатот.

Според адвокатот Димоски, ветинг може да ја реши оваа појава.

„Кога роднини на политичари стануваат кандидати за судии, има поле да зборуваме за сторена злоупотреба на положбата. Кога деца/сопружници на судии и обвинители стануваат кандидати за правосудни функционери, има поле да зборуваме за корупција. Ако некој ме прашува мене, сето ова треба да биде опфатено со ветинг. п.с. Ова како родител: Им правите мечкина услуга на вашите деца. Јасно е дека немајќи можност да им оставите занает, во наследство им ги оставате функциите! Единствено што треба да остави во наследство одговорен родител е чист образ! Нормално ако го има“, посочува Димовски.

„Макфакс“ објави дека речиси 18 проценти од положените кандидати, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажува јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Од 58 кандидати, само еден го нема положено завршниот испит. Меѓу листата има и многу звучни имиња.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски