Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма 4 години работи со загуба

(Видео) Лефков: Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма 4 години работи со загуба

Продолжуваме со обелоденување на нови детали за бизнисите на семејството Груби и ќе отвориме сомнеж за потеклото на средствата со кои се финансира купувањето на дуќанот на Ветон Груби, брат на Артан Груби, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дуќанот на улица Македонија од 127м2 сопственост на Ветон Груби е со вредност од половина милион евра. Од каде пари за купување на истиот, особено ако се земе податокот дека фирмата на Груби ЕТЦ Травел со години работи со загуби? Според податоците од Централниот регистар, фирмата на Ветон Груби во период од 2016 до 2020 година има загуба од нешто под 100.000 денари. Во овој период фирмата на Груби де факто е недоходовна за нејзиниот сопственик и истиот е во минус од работењето на истата“, посочи Лефков.

Во 2016 година, како што појасни, загубата е 540.000 денари, а во 2017, 2018 и 2019, фирмата работи со добивка од 1 милион 640 илјади денари, 75 илјади денари и 286 илјади денари, за во 2020 година да заврши со загуба од 1 милион и 555 илјади денари, односно збирно, за 4 години фирмата нема генерирано добивка, туку е во минус од 100 илјади денари.

„Како фирма која во период од 4 години не само што нема добивка, туку е и во минус, може да добие кредит како што самите велат во соопштение за купување на деловен простор кој вреди половина милион евра? Како фирмата на Груби ја гарантирала својата солвентност пред банката од која земале кредит, како што самите велат, кога имаат пад на приходи од 73% и пад на бројот на вработени за 16%? Како фирмата на Груби прикажува загуби, а тој купува деловен објект во строгиот центар на Скопје вреден половина милион евра?“, праша Лефков.

Кој е модулитетот по кој Груби купува дуќани, а според официјалните извештаи е во минус?, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. И дали, како што рече, ќе ја сподели својата тајна со другите фирми кои исто така имаат потреба од деловен простор, имаат далеку подобри билансни извештаи и не можат да дојдат до сопствен објект, а уште помалку истиот да се наоѓа во центарот на Скопје.

„ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби и да истражат дали при купувањето на објектот од половина милион евра има злоупотреба на политичка моќ и влијание“, потенцира Лефков.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките