Утрински Весник
Македонија

Закана за бомба и во резиденцијата на Пендаровски: Ќе ги почитуваме стандардните протоколи, не се менува агендата на претседателот

Закана за бомба и во резиденцијата на Пендаровски: Ќе ги почитуваме стандардните протоколи, не се менува агендата на претседателот

Утрово мета на заканите за бомби првпат е и резиденцијата на претседателот на државата Стево Пендаровски на Водно. Од неговиот Кабинет велат дека ќе ги почитуваат стандардните полициски протоколи по дојава за бомби.

dobivaj vesti na viber

„Утрово, 21 февруари 2023 година, од страна на Министерството за внатрешни работи бевме информирани дека има дојава за поставена бомба во местото на домување на претседателот. Кабинетот на претседателот ги почитува насоките на Министерството за внатрешни работи и примената на стандардните протоколи во вакви прилики. Претседателот Пендаровски денеска ќе ги извршува редовните работни обврски согласно планираната агенда на активности“, велат од Кабинетот на претседателот за „Макфакс“.

Полицијата е на терен и прави проверки откако закани за бомби покрај резиденцијата на претседателот утрово добиле и Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, „Ист гејт“ , ТЦ „Бисер“, „Флатајрон“, „Џеваир“, Управен суд, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ.

Можете да прочитате

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори