Утрински Весник
Македонија

Василевска до Ковачевски: Не треба да правите реконструкција на Владата, туку да го распуштиме парламентот и да одиме на избори

Василевска до Ковачевски: Не треба да правите реконструкција на Владата, туку да го распуштиме парламентот и да одиме на избори

Во вашето експозе, премиере, вие не дадовте одговор на прашањето, велите, за мене, оваа реконструкција на Владата не е мотивирана од имиња и презимиња. Па јас мислам дека не може секој да биде министер, колку се посилни имињата, толку е посилна и Владата. Понатаму, велите денешните одлуки не се мотивирани од теснопартиските интереси, ниту една партија, сегашните или идните. Не, со ова се носи заклучок дека никој не е важен и никој не е соодветен и секој ќе биде употребуван како чифт чорапи секојпат кога личните интереси и перспективи ќе налагаат за тоа. Тотално погрешно. Велите исто така дека за вас овие одлуки не се врзани и не смее да бидат поврзани со желбите, мотивите и барањата на кое било партиско раководство. Е, овде сте во колизија не само со она што го гледаме деновите, туку последните 6 години“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, од собраниската говорница на денешната седница.

dobivaj vesti na viber

Василевска праша дали министерот за информатичко општество, бидејќи не е коруптивен, е тргнат од владиниот кабинет.

„Дали министерот за информатичко општество затоа што не бил коруптивен, бил професионалец и сработил за таа година колку што можел да сработи не е подобен и вака насилнички го тргате од владиниот кабинет“, праша таа.

Василевска смета дека Владата воопшто не треба да прави реконструкција, туку треба да го распушти Собранието и да се излезе на предвремени парламентарни избори.

Сето ова изгледа навистина како една голема папазјанија и не дава шанса, ниту надеж дека оваа Влада треба воопшто да врши реконструкција, туку единственото нешто што може да се направи, и тоа во договор помеѓу сите нас, е да се прогласи распуштање на Собранието и да одиме на избори, му порача Василевска на Ковачевски.

Можете да прочитате

ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти, велат од СДСМ

Од утре облачно време и локални врнежи од дожд

Вработените во железница излегоа на протест