Утрински Весник
Македонија

Јованчев: Поради одмазда дека е разрешен или знаеше за можни злоупотреби, зошто Тупанчески не ја потпиша еврообврзницата пред да замине?

Јованчев: Поради одмазда дека е разрешен или знаеше за можни злоупотреби, зошто Тупанчески не ја потпиша еврообврзницата пред да замине?

Зоранчо Јованчев, пратеник од ВМРО, во дебатата за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, рече дека имаме Влада на скандали и срам.

dobivaj vesti na viber

„Го доживеавме најголемиот скандал на меѓународен план со еврообврзницата. Зошто министерот за правда не го потпишал документот пред да замине, дали имал информации дека средствата ќе бидат злоупотребени или, пак, тоа го направил од одмазда зошто е сменет? Без пари ја оставивте државата. Ова го прават аматери. И не е првпат дека се срамиме пред меѓународната јавност“, рече Јованчев.

Оваа Влада, рече тој, со својата неспособност го крахира системот за здравствено осигурување. Оваа „пазар 3-коалиција“, како што ја нарече пратеникот, е не за интересот на граѓаните, туку за бизнис и лични интереси.

„Со Владата управуваат Ахмети и Груби, а Ковачевски е нивни слуга. Овој владин состав ќе донесе криминал. СДСМ станува малцински партнер во Владата“, рече Јованчев.

Можете да прочитате

Измерени само 4 степени, исклучително свежо утро во Македонија

ВЛЕН бара истрага за работењето на Бујар Османи како министер

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни