Утрински Весник
Македонија

Парите за боледувања од утре на сметка, Фондот ја почна исплатата

Фондот исплаќал породилно и за период кога родилките оделе на работа, па им ги барал назад парите, утврди ревизијата

Парите за боледувања внесени во системот на Фондот за здравствено осигурување во периодот пред сајбер-нападот од утре ќе им бидат на сметките на осигурениците. Фондот попладнево извести дека почнала исплатата.

dobivaj vesti na viber

„Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. Тоа значи дека веднаш ќе почне исплатата на боледувањата што биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата што се доставени по овој датум ќе почнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“, соопшти Фондот.

Речиси сите модули на системот, кој две недели беше под сајбер-напад, од Фондот велат дека се ставени во функција. Утрово се врати во функција „Мое осигурување“, а се работи на враќањето во функција и на ДРГ-системот, кој служи за евиденција на болничките услуги.

Кога ќе им бидат исплатени платите на здравствените работници, од Фондот не кажуваат и по денешните протести на дел од вработените во ГОБ „8 Септември“ и Геронтолошкиот завод.

Можете да прочитате

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Љутков: Наследивме колабиран културен систем и институции без пари за плати