Утрински Весник
Магазин

БАФТА 2023: црвениот тепих низ фотографии

БАФТА 2023: црвениот тепих низ фотографии

Холивудските ѕвезди присуствуваа на доделувањето на филмските награди на Британската академија за филмски уметности (БАФТА) во лондонскиот Royal Festival Hall во неделата вечерта.

dobivaj vesti na viber

Британските медиуми објавија неколку највпечатливи изданија на ѕвездите, кои се фотографираа на црвениот тепих пред да почне церемонијата.

Актерката Лили Џејмс, која врачи награда, ги сврте погледите на себе во фустан на Тамара Ралф со бисерно и кристално структурирано длабоко деколте.

 

 

Вајола Дејвис, ѕвездата на The Woman King („Жената крал“), беше номинирана за најдобра главна актерка.

 

Ѕвездата на „Тар“, Кејт Бланшет, и Остин Батлер од „Елвис“ добија награда за најдобра главна актерка и актер.

 

Мишел Јео беше номинирана за улогата во „Сè секаде одеднаш“ (Everything Everywhere All At Once).

 

Наоми Аки, која беше номинирана во категоријата ѕвезда во подем, ја глуми Витни Хјустон во биографскиот филм „Сакам да танцувам со некој“ (I Wanna Dance With Somebody).

 

Флоренс Пју беше номинирана во категоријата извонреден британски филм за „Чудото“ (The Wonder).

Можете да прочитате

Совети за мигрена и главоболки во бременоста

“Црвена јабука” со голем концерт во Скопје прослави 40 години постоење на сцената

Во четврток се слави Пречиста – еден од најголемите празници посветени на Богородица