Утрински Весник
Македонија

Пратеници истераа викенд, министерства без министри – продолжуваат препукувањата во Собранието за влезот на Алијанса на Албанците во Влада

Пратеници истераа викенд, министерства без министри – продолжуваат препукувањата во Собранието за влезот на Алијанса на Албанците во Влада

Цел викенд пауза си зема Собранието, додека шест министерства чекаат да добијат нови министри и нивни заменици кои ги бираат пратениците. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, во петокот најави продолжение на седницата во понеделник, без образложение зошто не се работеше и за време на викендот.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, предлагачот на разрешувањата и именувањата, Димитар Ковачевски отиде на пат.

Дебатата на пленарната седница за разрешувања е заглавена на првата точка, на која се дискутира за министерот за здравство во заминување Беким Сали.

Низа на караници, реплики и контра реплики се кажуваат од собраниската говорница. Најактивни се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од пратениците на СДСМ, присутни се само неколкумина кои речиси и да не се јавуваат за збор. Редовите во собраниските клупи каде седат пратениците од ДУИ се празни.

Додека не се изберат нови министри во Здравство и Правда, овие две министерства речиси и да не можат да функционираат. Во Министерството за здравство нема заменик министер, бидејќи Владимир Рендески поднесе оставка која беше констатирана. Во тек е и разрешување на министерот Сали. Па така, се до избор на нов министер, нема кој да раководи со ресорот. Слично е и со Министерството за правда, каде констатирана е оставката од министерското место на Никола Тупанчевски, како и на неговиот заменик Агим Нухиу. И овој ресор е речиси парализиран се до избор на нов кадар.

Собраниската дебата трае седум дена. Минатата недела, имаше и денови кога се работеше до полноќ, но листата на пријавени за збор не беше исцрпена. Сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се пријавени за збор за секоја од точките. И сите имаат реплики и контра реплики. Додека не се исцрпи листата на пријавени за збор не може да се гласа. Засега, се уште се разгледува првата точка, односно разрешувањето на Беким Сали. Откако ќе се гласа за оваа точка, ќе следат другите разрешувања, па дури потоа именувања.

Можете да прочитате

Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести

Комплетно реконструирани седум оперативни сали во ГОБ „8 Септември“ – првата операција до крајот на годинава

Ковачки: Целото јавно обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.