Утрински Весник
Економија

Георгиевски: Над 17 милиони евра исплатени субвенции кон земјоделците за една недела

Георгиевски: Над 17 милиони евра исплатени субвенции кон земјоделците за една недела

Во еден ден, на сметките на околу 24.000 земјоделци кои одгледуваат житни култури, исплатени се близу седум милиони евра основни субвенции, објави Гоце Георгиевски, од Комисијата за земјоделие, шумарство и водостопанство на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Со ова, како што рече, се стимулираат над 100.000 хектари земјоделска површина со полјоделско производство.

„За 2023 година, владата предводена од СДСМ издвои над 200 милиони евра наменета за директна помош и инвестиции во земјоделството. Минатата недела, во пресрет на празникот Свети Трифун беа исплатени близу 10 милиони евра кон 15.000 лозари“, рече Георгиевски.

Според него, за разлика од лажните вести на опозицијата, владата на СДСМ, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, знае и покажува како се води државата во развој и одржливост, а тоа најдобро го знаат земјоделците, кои го имаат највисокото место во приоритетите на нивната политика.

Можете да прочитате

НБРМ ги ослеснува условите за купување на прв стан, а ги засилува за купување втор и трет

Поевтинуваат цените на горивата – 24info.mk

НБРМ има целосна одговорност да ги испита сите ризици за влез на Алта Банка во Македонија