Утрински Весник
Свет

(Видео) Татко и ќерка повторно се сретнаа по земјотресот

(Видео) Татко и ќерка повторно се сретнаа по земјотресот

Бројот на жртвите во Турција од час во час се зголемува и надмина 40.000 лица. Неколку илјади луѓе загинаа и во соседна Сирија. Меѓутоа, во морето на страшни вести, се наоѓа и некоја што ги топли срцата, како оваа.

dobivaj vesti na viber

Четиригодишното девојче Гада Ајан и нејзиниот татко Ахмет повтотно се сретнаа откако со денови беа заробени во урнатините. Гада била спасена и пренесена во болница.

„Кога почна да се тресе, ја грабнав ќерка ми и целото семејство почна да бега. Куќата се урна врз сите нас“, рече Ахмет во интервју за Си-Ен-Ен Турк. За жал, неговата сопруга и седумгодишниот син не успеале да се спасат.

Ахмет го слушал плачот на синот додека бил заглавен. Гада лежела на ногата на Ахмет и двајцата биле заробени. На четвртиот ден под урнатините, Ахмет изгубил секаква надеж, но малата Гада не му дозволила да се откаже.

„Постојано ми велеше да престанам да плачам и да ја погледнам светлината што се пробива. Тоа ме одржуваше во живот“, рекол Ахмет. Гада поминала со гребнатинка, додека половина час подоцна спасувачите успеале да го ископаат и Ахмет.

„Тоа е моето девојче. Таа е мојот херој“, заклучил таткото на четиригодишната Гада, која заедно со него ќе мора да ја преброди загубата на сопругата и синот.

Можете да прочитате

Денеска се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен