Утрински Весник
Свет

Тлото не се смирува: Серија земјотреси ја погодија Турција

Тлото не се смирува: Серија земјотреси ја погодија Турција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти EMSC на својата веб-страница, повикувајќи се на податоците на турската управа за вонредни состојби и земјотреси АФАД, земјотресот е регистриран на длабочина од 5 километри, на 25 километри северо-северозападно од Адијаман.

Неколку минути претходно централна Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

По земјотресот на истокот од земјата, имаше уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди подрачјето на турско-сириската граница, јавува ЕМСЦ.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба