Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Молк на Мицкоски за одлуката од Стразбур, нема спас за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Никој не доби мандат за да менува Устав

Христијан Мицкоски молчи за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, нема доблест да им се извини на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, за заштита на криминалот и криминалците во нивните редови, уште еднаш, се покажа неуспешен.

Со одлуката на судот во Стразбур победи правдата и правната држава.

Пропадна незаконската аболиција со која Ѓорѓе Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност.

Затоа што целта на аболицијата на Иванов беше за да се спасат од судско гонење, нивната цел беше да нема воопшто ниту судски процес.

Одлуката на Стразбур значи дека нема помилувања, туку продолжување на сите постапки пред независните македонските судови.

Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

МЗ: Уште една трансплантација на органи од починат донор е извршена на 9 август

СДСМ денеска ќе објави нови детали за скандалот: Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+

Лимани: Доделувањето на Наградата за младинско учество, нека биде симбол на почит и признание за сите млади кои не се пасивни набљудувачи, туку активни граѓани