Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим поради Задушница

Посебен сообраќаен режим поради Задушница

По повод верскиот празник Задушница полицијата денес презеде мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Имено, од 6 часот утрово сообраќајот се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила се упатуваат по улицата „Бутелска“, лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по„Боца Иванова“, до кружниот тек на улицата „Бутелска“, па лево по „Бутелска“ и десно по „Кемал Сејфула“, велат од МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Можете да прочитате

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди

Исмаил: По труењето на над 1.000 гостиварци, време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Скопјани тргнаа на викенд – застој и колони на патарините