Утрински Весник
Македонија

Сончево со дневна температура до 20 степени

Сончево со дневна температура до 20 степени

Сончево и топло со мала, a во југозападните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

И во недела времето ќе биде сончево и топло со дневна температура која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.

Можете да прочитате

Скопјани тргнаа на викенд – застој и колони на патарините

Мазутот бил со соодветен квалитет, потврдува вештачењето нарачано од ОЈО ГОКК за предметот „Мазут“

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати