Утрински Весник
Спорт

Серхио Рамос му се извини на фоторепортерот

Серхио Рамос му се извини на фоторепортерот

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, му се извини на фоторепортерот што го турна по натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен во вторникот.

dobivaj vesti na viber

ПСЖ беше поразен од Баерн со 0:1 на „Паркот на принцовите“, а по мечот, кога тимот тргна да ги поздрави навивачите, Рамос грубо оттурна фоторепортер.

Маркус Гилијард, фоторепортер кој тогаш се обиде да го фотографира Нејмар, откри дека Рамос лично му се извинил.

„Изненадување во вечерните часови. Серхио Рамос лично ме контактираше вчера и се извини за неговото однесување, Извинувањето е прифатено, случајот е затворен“, напиша Жил на својот Твитер профил.

Рамос потоа на својот Инстаграм му се заблагодари на фоторепортерот што го прифатил извинувањето.

Францускиот тим сега го чека тешка задача на реваншот со Баерн во Минхен. Тој натпревар ќе се игра на 8. март.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина