Утрински Весник
Македонија

Боки 13 реагира до Кривичен: Само потврдувате сѐ што сум кажал, довербата од -8 проценти покажува какви манипулатори сте

Боки 13 реагира до Кривичен: Само потврдувате сѐ што сум кажал, довербата од -8 проценти покажува какви манипулатори сте

Кривичниот суд да достави доказ дека покојниот Огнен Ставрев бил на четиридневно боледување, бара обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 преку реакцијата во медиумите. Тој тврди дека единствени кои манипулираат се Кривичиот суд и претседателот Иван Џолев. Според него, ќе се утврди вистината преку други истанци каде покренал постапки.

dobivaj vesti na viber

„Барам доказ да приложи Кривичен суд сега и веднаш, дека судијата Огнен Ставрев во деновите 31 јануари, 1, 2, 3 февруари бил на боледување. Барам да се вратат камерите од Кривичниот суд, од кои со сигурност ќе се утврди дека судијата бил бил таму, на работа. Дотолку повеќе што и мојот адвокат Владимир Туфегџиќ во овој период се сретна со сега покојниот судија Ставрев во Кривичниот суд. Единствени кои го злоупотребуваат покојниот судија се тие, односно претседателот Иван Џолев. Бидејќи на тој начин, Кривичниот суд го донесе ова фалсификувано и антидатирано решение. Сите истанци каде е покрената постапка, ќе ја утврдат вистината“, реагира Јовановски-Боки 13.

Тој смета дека нервозата на Кривичен само ги потврдува неговите наводи изнесени утрово, а за кои доставил документација.

„Дека манипулатори се Кривичниот суд и претседателот Џолев, е покажано со нивната доверба и со тоа колку граѓаните му веруваат на судството, која е последица на манипулациите и изигрувањето на законите низ правните дупки. Единствено одлучуваат по нивни интереси и нарачки, па од тука е и ова фалсификувано решение. Нервозната реакција на Кривичниот суд го докажува тоа – дека се работи за фалсификат и антидатирано решение. Доволен доказ за тоа кој е манипулатор е 8 процентната односно -8 процентната доверба во судството“, додава тој.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски