Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, излезе со поширокиот список на кошаркари на чии услуги ќе смета во пресрет на натпреварите од февруарскиот претквалификациски прозорец, против Словачка и против Норвешка. На него се наоѓа и Ненад Димитријевиќ, но тој речиси сигурно нема да биде дел од националниот тим со оглед дека Уникс Казан не му дава дозвола за настап.
Сениорите ќе одржат неколку тренинзи во Скопје, а веќе во вторник ќе заминат за Словачка, каде во Левице ќе го одиграат првиот натпревар од овој прозорец на 23.февруари.
Ден подоцна репрезентацијата ќе отпатува за Осло каде на 26.февруари ќе го одигра последниот натпревар во овој трет претквалификациски прозорец.
Првиот тренинг на репрезентацијата е закажан за 20.февруари, со почеток од 10 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1. Бобан Стајиќ – Пелистер
2. Кристијан Николов – Torku Konyaspor B.K.
3. Андреј Магдевски – Donar Groningen
4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
6. Адем Мекиќ – BC Timisoara
7. Андреј Јакимовски – NCAA Washington State University
8. Филип Бакоч – Работнички
9. Виктор Ефремовски – Гостивар
10. Ненад Димитријевиќ – UNICS Kazan
11. Андреј Шошкиќ – Работнички
12. Андреј Митревски – Феникс 2010
13. Виктор Ташовски – ТФТ Mozzart Скопје
14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
15. ТиЏеј Шортс – Telekom Baskets Bonn
16. Теодор Симиќ – Igokea
17. Амар Хот – Феникс 2010
18. Стојан Ѓуроски – Club Ourense Baloncesto SAD
19. Ваљмир Какруки – Sigal Prishtina
20. Димитар Пандев – МЗТ Скопје Аеродром
21. Лејсон Зеќири – Sigal Prishtina
22. Андреј Маслинко – Пелистер
23. Максим Митевски – Гостивар
24. Страхил Николов – ТФТ Mozzart Скопје