Неодамна се појавија фотографии од некогашната холивудска двојка Робин Рајт и Шон Пен заедно на аеродром, предизвикувајќи шпекулации за обновена љубов – особено затоа што и двајцата се сингл во исто време.
Но, актерката (56) тврди дека таа и поранешниот сопруг Шон Пен (62) се само пријатели.
Таблоидите потсетуваат дека пред две недели, Робин и Шон беа видени заедно на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, од каде се упатија на викенд патување.
Актерката се раздели од Клемент Жируде во септември 2022 година по четири години брак, додека Шон го финализираше разводот од Лејла Џорџ минатата година, што значи дека и двајцата во исто време се сингл.
Робин, која ги има Дилан (31) и Хопер (29) со Шон, ги отфрли сугестиите дека се повторно заедно, откривајќи дека се повторно се обединиле за настан за нивните деца.
„Одевме на настан за нашите деца,“ рече таа во интерјву за „Е! Њуз“. „Ние секогаш ќе бидеме семејство без разлика дали сме заедно или разделени. И мислам дека тоа е убаво и го посакувам тоа за сите.“
„Да се биде пријател со таткото на своите деца, тоа е подарок. Развод со деца е една од најтешките работи во животот.“
Робин и Шон од времето кога беа во брак (2009).