Утрински Весник
Македонија

Под мотото „Пријателство преку спорт“ започна одбележувањето на Меѓународниот ден на воени спортови

Под мотото „Пријателство преку спорт“ започна одбележувањето на Меѓународниот ден на воени спортови

Денес на Воениот стадион во Скопје започнаа спортските натпревари со кои традиционално се одбележува „18-ти февруари – Меѓународниот ден на воени спортови“, а на кои учество ќе земат припадниците на Армијата, претставници од Министерството за одбрана и питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

dobivaj vesti na viber

„Вие сте подготвени, издржливи и мотивирани. Вие сте чувари на безбедноста на граѓаните, со својата силна, волја, мотив, но и врвна физичка подготвеност. Затоа инвестирањето во секој еден од вас е најважната инвестиција за нашата држава “, рече министерката Петровска на свеченото отворање на спортските натпревари.

На свеченоста министерката Петровска упати честитки до капетанот Жан Тосев на кој му беше доделено признание „Најдобар спортист од Армијата за 2022 година“.

„ Моите честитки за капетанот Тосев кој минатата година постигна врвни резултати – личен и армиски рекорд во дисциплината маратон, остварен на Љубљанскиот маратон во октомври минатата година и личен и армиски рекорд во дисциплината полумаратон на Скопскиот маратон. Неговите резултати нека послужат како пример и мотив повеќе за сите наши војници кои умеат и можат и во спортот да покажат врвни резултати.“, порача Петровска.

Во рамки на денешниот настан беа потпишани и два Меморандуми за соработка, Меморандум за соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Меморандум за соработка со Сојузот на спортови на Скопје – Виз Ер Скопски маратон, кои ќе бидат основа за понатамошна соработка. „ Вмрежувањето ќе придонесе и кон нашата главна цел – уште посилна физичка подготвеност и подобри резултати, за Армијата и за државата.“, истакна министерката Петровска.

Под мотото „Пријателство преку спорт“ денес и утре ќе се одржат натпревари во повеќе дисциплини: фудбал, кошарка, атлетика и пинг – понг, во поединечна и екипна конкуренција.

Оваа година Меѓународниот совет за воени спортови одбележува 75 години од неговото формирање година, а Армијата на Северна Македонија e полноправна членка од 2005 година.

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства