Утрински Весник
Магазин

Холивуд остана без Ракел Велч, една од најубавите жени на сите времиња

Холивуд остана без Ракел Велч, една од најубавите жени на сите времиња

Ракел Велч почина на 82-годишна возраст по кратко боледување, јавуваат странските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Нејзиното семејство ја потврди трагичната вест за „ТМЗ“.

Актерката ветеранка се прослави во 60-тите со улогите во филмовите „Милион години пред Христ“ (One Million Years B.C.) и „Фантастично патување“ (Fantastic Voyage).

Актерката, со повеќе од 70 филмски и телевизиски улоги, започна како портпарол во естрадната емисија „Холивудска палата“ и доби мала улога во филмот на Елвис Присли Roustabout во 1964 година.

Нејзината кариера тргна нагоре две години подоцна, по објавувањето на научно-фантастичниот филм „Фантастично патување“ и „Милион години пред Христ“, праисториска драма во која Велч глуми пештерска жена. Фотографиите во крзнено бикини набргу станаа темел на маркетинг-кампањата на филмот, а Велч ја претворија во глобален секс-симбол.

Кариерата на Велч во ТВ и филм траеше со децении. Во доцните 60-ти следуваа голем број главни улоги, вклучувајќи ги и вестерните Bandolero! и 100 Rifles.

Ракел доби „Златен глобус“ за најдобра актерка во мјузикл/комедија за улогата во филмот „Тројцата мускетари“ во 1974 година.

Таа беше една од најубавите жени и најголемите секс-симболи во Холивуд.

Можете да прочитате

Стјуардесите открија едно нешто што посакуваат патниците да престанат да го прават во авионите

Сталоне објави видео од теретана, луѓето не можат да поверуваат дека наскоро ќе наполни 80 години

Зошто кучињата постојано се превртуваат на грб? Експертите го имаат одговорот