Утрински Весник
Спорт

„Само Пеле може да се спореди со Меси“

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол смета дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата.
Британецот истакнува дека само Пеле може да се споредува со аргентинскиот репрезентативец. Меси пред два месеци ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш ќе има дебата за тоа кој е најдобар играч во историјата. Но, Меси стави крај на сите дискусии за сегашната генерација бидејќи освои се“, рече 41.годишниот Кол и продолжи:

„Тој претходно се мачеше на Светските првенства и тоа покрена многу прашања. Никогаш не сум видел играч како Меси. Го сметам за најдобар играч на сите времиња. Само Пеле може да му парира на Лео. Меси ги надмина Роналдо и Марадона“.

Кол професионалната кариера ја започна во Вест Хем, а играше и во Челзи, Ливерпул, Лил, Астон Вила, Конвентри и Тампа Беј.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина