Утрински Весник
Култура

Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија во Куманово

Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија во Куманово

Денес, со почеток во 13 часот, во изложбениот салон во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде отворена изложба на дела од 30. Лесновска ликовна колонија 2022.

dobivaj vesti na viber

Далечната 1992 година почнува приказната наречена Лесновска ликовна колонија. Од тогаш па сè до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина.

Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка уметнички дела, кои Домот на културата „Злетовски рудар“ ги чува грижливо, со гордост изложувајќи ги во речиси сите домови и центри за култура.

Проектот „Meѓународна Лесновска ликовна колонија 2022“ е избран на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

Главен покровител на Лесновската ликовна колонија е Општина Пробиштип, а организатор е Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

На ликовната колонијата „Лесново 2022“ учество зедоа 14 учесници од земјата и странство, и тоа:

1. Дарко Заревски – Пробиштип

2. Ѓоко Антониев – Пробиштип

3. Димитар Димитров – Битола

4. Новица Трајковски – Скопје

5. Александар Поповски – Битола

6. Христина Стојчевска – Крива Паланка

7. Владимир Темков – Кавадарци

8. Горан Боев – Кавадарци

9. Тони Чатлески – Прилеп

10. Соња Р. Јовановски – Свети Николе

11. Васил Гаврилов – Велес

12. Бисер Лапев – Ќустендил, Република Бугарија

13. Десислава Лапева – Ќустендил, Република Бугарија

14. Наташа Радосавлевиќ – Белград, Република Србија

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“