Утрински Весник
Свет

(Видео) Ова е неверојатно-Првите зборови на маж кој 28 години невин ги поминал зад решетки

(Видео) Ова е неверојатно-Првите зборови на маж кој 28 години невин ги поминал зад решетки

Судот во американската сојузна држава Мисури во вторникот ја поништи пресудата со која Ламар Џонсон беше осуден на речиси 28 години затвор за убиство што не го извршил.

dobivaj vesti na viber

Судијата Дејвид Мејсон ја отфрли пресудата, велејќи дека има „веродостојни докази за вистинската невиност“ на Џонсон.

Џонсон ја напушти судницата два часа по судската одлука, им се заблагодари на собраните новинари и на сите што работеа на неговиот случај, вклучително и на судијата.

„Ова е неверојатно“, рече тој.

Пресудата ја поздрави и неговата адвокатка Ким Гарднер, која во август поднесе барање до судот за ослободување на Џонсон откако нејзиниот тим спроведе истрага за контроверзниот случај, пренесува АП.

„Иако денешниот ден ни носи радост, ништо не може да му го врати она што државата му го украде. Ништо нема да му ги врати речиси трите децении што ги изгуби додека беше одвоен од ќерката и семејството“, велат адвокатите на Џонсон.

Тие исто така тврдат дека доказите кои ја докажуваат неговата невиност биле достапни за време на судењето, но биле скриени или игнорирани.

Во 1994 година, Џонсон беше осуден за убиство на Маркус Бојд, кој беше застрелан и убиен од две маскирани лица на тремот од неговата куќа. Полицијата и обвинителството како мотив го наведоа спорот за парите од дрога.

Џонсон отсекогаш тврдел дека е невин и дека бил со својата девојка во моментот на пукањето, со километри подалеку од местото на злосторството. Сепак, тој беше осуден на доживотен затвор, а со него беше осуден и Фил Кембел, кој ја призна вината и беше осуден на седум години затвор.

Ослободителната пресуда, меѓу другото, се заснова на признанието на Џејмс Хауард, кој признал дека тој, а не Џонсон, го убил Бојд со Кембел.

Хауард (46) отслужува доживотна затворска казна за убиство и други злосторства што се случија три години по смртта на Бојд.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња