Утрински Весник
Македонија

Густ чад на подрачјето на Зајчев рид, горел отпад

Густ чад на подрачјето на Зајчев рид, горел отпад

Густ чад е заблежан позади Зајчев рид, информираат од општина Карпош на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„При рутинска контрола на инспекциските служби на општина Карпош забележан е густ црн чад на подрачјето позади Зајчев рид. На лице место е констатирано дека непознати лица запалиле поголемо количество отпад во нива“, се подвлекува во напишаното.

Инспекциските служби по констатирање на состојбата пријавиле во противпожарната служба на Град Скопје, а информирана била и полицијата.

Според надлежните, по интервенција на пожарникарите огнот е изгаснат.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани