Утрински Весник
Спорт

Се подготвуваше да игра против Јувентус и потоа му се случи страшна трагедија

Се подготвуваше да игра против Јувентус и потоа му се случи страшна трагедија

Фудбалерот на Нант, Игнатуис Ганагo, доживеа животна трагедија пред мечот со Јувентус во Лигата на Европа. Неговата петгодишна ќерка починала, а тажната вест ја објави клубот Нант, кој му искажа поддршка во најтешките моменти.

dobivaj vesti na viber

Ганаго веднаш отпатувал во Камерун штом дознал дека неговата ќерка е сериозно болна, но девојчето набрзо починало. Тој ќе го пропушти натпреварот против Јувентус.

„Со длабока тага дознавме за смртта на ќерката на нашиот напаѓач Игнатуис Ганаго. Многу мислиме на тебе Гана, клубот е со вас во ова тешко искушение“, истакна Нант во соопштението.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина