Американскиот милијардер и сопственик на Твитер и компанијата Тесла Илон Маск денеска објави дека минатата година донирал речиси две милијарди долари од акциите на компанијата Тесла во хуманитарни цели.
Тоа може да се види во документот предаден на американските власти и објавен на Интернет, но во него не се наведува ниту примателот, ниту примателите на оваа донација, јавува Би-Би-Си.
Ова не е првпат Маск да донира дел од Tesla во хуманитарни цели, бидејќи е познато дека донирал околу 5,74 милиони долари во 2021 година.