Утрински Весник
Свет

Турски град во близина на епицентарот нема ниту една жртва и ниту една срушена зграда

Турски град во близина на епицентарот нема ниту една жртва и ниту една срушена зграда

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во вторникот дека земјотресите од минатата недела биле со „јачина на атомска бомба“, а новите бројки покажуваат дека бројот на загинати во Турција и Сирија е над 40.000 лица.

dobivaj vesti na viber

Ердоган, исто така, рече дека стотици илјади згради не можат да се користат низ Турција, додавајќи дека секоја земја би се соочила со истите последици како Турција „во случај на таква катастрофа“.

Но, во градот Ерзин, среде силно погодениот регион Хатај, никој не загина, а ниту една зграда не беше значително оштетена. Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња во градот со 42.000 жители.

„Немаме урнатини, жртви или повредени поради земјотресот“, рече градоначалникот на овој град, Океш Елмасоглу, изразувајќи сочувство до сите погодени од земјотресот.

Како што вели, причината поради која во неговиот град нема урнати згради, а потоа и мртви е тоа што никогаш не дозволил никаква дивоградба.

„Не дозволив дивоградба во ниту една смисла. И покрај тоа, некои се обидоа. Иако на почетокот не можевме да ги следиме бидејќи немавме доволно надлежни лица, подоцна ги пријавивме кај обвинителот и зградите беа урнати“, рече градоначалникот, пишува „Хуриет дејли“.

Понатаму, градоначалникот додава дека повеќето згради во градот се релативно ниски. Тоа се самостојни згради, повеќето четирикатни, а некои се на шест ката, вели тој.

Додава дека во Турција треба да има целосна промена на размислувањето кога станува збор за градежништвото.

„За тоа е потребно нашите граѓани да не очекуваат никакви отстапки од државата за дивоградба, да не посегнуваат по такви работи и да се преземат решителни чекори за рушење на овие објекти кога е потребно“, рече тој.

„Потребни ни се контролни механизми за непречено да функционираат работите“, додава тој.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење