Утрински Весник
Спорт

Артета: Ќе бидам среќен кога ќе ми ги вратат двата поени!

Артета: Ќе бидам среќен кога ќе ми ги вратат двата поени!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не го прифаќа извинувањето од страна на Асоцијација на судии во Премиерлигата (ПГМОЛ) за контроверзниот гол на Ајван Тоуни за 1:1 реми со Брентфорд, посочувајќи дека ќе биде среќен само кога ќе му ги вратат двата загубени поени во тој меч.

dobivaj vesti na viber

Израмнувачкиот гол на Тоуни требаше да биде поништен поради офсајд при асистенцијата до него од Кристијан Норгард, но ВАР-судијата, Ли Мејсон „заборавил“ да ги повлече линиите за офсајд. Мејсон веќе е суспендиран и отстранет од ВАР-системот на Премиерлигата.

„Го прифаќаме извинувањето и објаснувањето. И тоа е тоа. Мораме да одим понатаму. Тоа не направи сите посилни и посамоуверени во борбата за титулата. Дали сум среќен? Ќе бидам среќен кога ќе ми ги вратат двата поени, а тоа нема да се случи“, изјави Артета.

Тој потоа го нападна Мејсон, оценувајќи го неспособен за својатта работ.

„Ова не беше човечка грешка. Тоа е големо и целосно непознавање на вашата работа. Тоа е неприфатливо, извинете. Тоа не чинеше два поени“, објаснува Артета.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија