Утрински Весник
Свет

(Видео) Бремена жена која го преживеа земјотресот во Турција роди девојче: Среќна сум, но и тажна

(Видео) Бремена жена која го преживеа земјотресот во Турција роди девојче: Среќна сум, но и тажна

Бремена жена која го преживеала силниот земјотрес во Турција, се породи во Бодрум. Таа била донесена во Бодрум во југозападната провинција Мугла, откако земјотресот ја зафатил нејзината провинција Хатај.

dobivaj vesti na viber

Исил Оздемир (22) била сместена во хотел под координација на турската агенција за управување со катастрофи – АФАД. Оздемир, која беше бремена во 39-та недела, го роди своето бебе по име „Дефне“ во државната болница во Бодрум.

Оздемир и нејзините роднини дојдоа во Бодрум од провинцијата Хатај погодена од земјотресот. Сопругот на Оздемир сè уште е во областа Антакта во Хатај.

„ Јас сум и исплашена и многу среќна. Го држев моето бебе во раце здраво, но мојот сопруг остана во Хатај“, рекла мајката.

Таа рече дека доживеале голема паника за време на земјотресите и дека биле преплашени за своето бебе.

„ За време на земјотресите врнеше дожд. Успеавме да излеземе од зградата и останавме во автомобил 3-4 дена“, додаде таа.

Виделе други згради како се уриваат пред нивни очи, а луѓето биле под урнатините.

Најмалку 31.974 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија југоисточна Турција на 6 февруари, соопшти Агенцијата за катастрофи на земјата.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во провинцијата Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Турција за помалку од 10 часа.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години