Утрински Весник
Македонија

Системот на Фондот за здравство се враќа во функција: Приоритет е исплатата на плати и боледувања

Системот на Фондот за здравство се враќа во функција: Приоритет е исплатата на плати и боледувања

Функционалноста на системите постепено ќе се враќа, извести попладнево Фондот за здравствено осигурување. Поради сајбер- напад девет дена недостапни беа лични податоци на здравствените осигуреници, а Фондот прво кажа дека се работи за технички пропуст во еден од серверите, а по три дена призна дека базата на податоци е цел на сајбер- напад.

dobivaj vesti na viber

„Фондот потсетува дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер- нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Фондот денеска испрати и известување до сите ЈЗУ и ПЗУ со детални упатства за проверка на осигурениците преку ‘Мој термин’, со што ниеден осигуреник не смее да биде вратен од правото на здравствена заштита. Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравствените работници во Јавните здравствени установи како и враќање на системите на исплата на боледувањата, породилното и рефундациите“, велат од Фондот.

Правото на здравствена заштита на граѓаните не е загрозено, лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата како и издавањето на рецепти од матичните лекари и од аптеките, од Фондот нагласуваат дека се одвива непречено, а усогласени се и решенија за остварување на правото на  ортопедски помагала.

Сајбер-напдадот и недостапноста на системот на Фондот за здравствено осигурување ги доведе во прашања сите исплати кои одат преку овој систем и им направи проблем и на пациентите и на лекарите изминатите девет дена.

Можете да прочитате

Уапсени осум возачи, седум возеле без возачка

Tаткото на судијата Ристов рекол дека синот Ѓоко го користел просторот каде што беа заѕидани 350.000 евра, рече обвинителката

Јакимовски: Осуден сум политички за да не се кандидирам пак за градоначалник