Утрински Весник
Економија

„Шпаркасе банка“ и „Шпаркасе лизинг“ со нов визуелен идентитет

„Шпаркасе банка“ и „Шпаркасе лизинг“ со нов визуелен идентитет

„Шпаркасе Банка АД Скопје“ и „Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје“ го менуваат целокупниот визуелен идентитет во согласност со промените на ниво на Групацијата.

dobivaj vesti na viber

Следејќи ги визијата, вредностите и верувањата на големото Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе семејство, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг визуелно се модернизираат, по теркот на светските банкарски трендови.

Од самите почетоци Банката континуирано го менува и го подобрува својот визуелен идентитет, покажувајќи ја својата флексибилност, можноста да се предвидат промените и на нив да се одговори соодветно и навремено. Од почетокот на оваа година, Банката започна со постепена имплементација, односно воведување сосема нов изглед на локалниот пазар.

Новиот визуелен идентитет вклучува оптимизирано лого и нови корпоративни бои.

Логото на Шпаркасе го задржува својот препознатлив и уникатен карактер, но ќе биде освежено во дизајнот. Во комбинација со новите корпоративни бои, изгледот на Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг станува помодерен и поатрактивен. Резултатот од овие промени е единствен корпоративен дизајн што овозможува унифицирано искуство на брендот низ сите канали. Планирано е постепено ребрендирање на сите канали во периодот што следува.

Со новиот целосно модернизиран корпоративен дизајн, приспособен на дигиталниот свет во кој живееме, брендот Шпаркасе станува уште попристапен и пофлексибилен за своите клиенти, целосно ориентиран кон иднината.

(ПР)

Можете да прочитате

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци