Утрински Весник
Спорт

Тони Паркер го продава Асвел

Тони Паркер го продава Асвел

Легандарниот француски кошаркар, Тони Паркер, мнозински сопственик на кошаркарскиот клуб Асвел се подготвува да го напушти клубот.

dobivaj vesti na viber

Паркер, со клубот раководи од 2014 година. Изминатите две и пол сезони прв тренер на Асвел е неговиот брат Ти-Џеј Паркер.

Според „Лекип“, на овој потег на Тони Паркер влијаело големото незадоволство на навивачите и се почестите забелешки од трибините по разочарувачкиот настап во досегашниот дел од сезоната.

Во Евролигата Асвел е претпоследен, со осум победи во 24 натпревари, додека во француското првенство е на седмото место и има дури шест победи помалку од лидерот Монако.

Тони Паркер, наводно, ќе продаде контролен пакет на Серж Буен, претседател на „Smart Good Things“, партнерска компанија на Асвел.

Инаку, Тони прво купи 20 отсто од акциите на Асвел во 2009 година, за време на локаутот во НБА во 2011 година дури играше во Лион, а потоа во 2014 година, по завршувањето на професионалната кариера, стана претседател на клубот со купување на мнозинскиот пакет акции.

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале