Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Фронтекс, застана против македонски јазик во ЕУ

Потпишан е ФРОНТЕКС, првиот договор со Европската комисија на чист македонски јазик

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера не гласаа за ратификација на Договорот со Фронтекс и со тоа уште еднаш го покажаа своето вистинско лице. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна партија која е против ЕУ, против македонскиот јазик, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека откако ВМРО-ДПМНЕ со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтекс на официјален македонски јазик, пратениците од МРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор.

Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес. Ете тоа е односот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кон Собранието ком државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Со таков однос, уште долго ќе останат во опозиција, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски